Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој дел од територијата на Косово
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека терористичките групи планираат други напади на Косово на крајот на годината, по оној во каналот Ибар-Лепенец, косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци тврди дека косовската армија е подготвена да одговори на секоја закана.
Министерот Маќедонци, во интервју за „Дитарин е Косово“ на А2 Си-Ен-Ен зборува за значително јакнење на безбедносните сили на Косово.
Според него, новото софистицирано оружје купено од САД, Турција и Германија значително ги зголемило капацитетите.
„Имавме тројно зголемување на буџетот за армијата во овој мандат и успеавме да купиме беспилотни летала Бајрактар и други многу важни системи. Ракетите „Џавелин“ се многу важни за противтенковска одбрана. Се надеваме дека ќе ги имаме во 2025 година“, изјави Маќедонци.
Според косовскиот министер за одбрана, „Ракетите Џавелин не дозволуваат навлегување на оклопни возила и тенкови во внатрешноста на територијата“.
Изјавувајќи дека засега ќе се придржуваат до заложбата дадена во 2013 година да не се испраќа војска на север, Маќедонци нагласи дека тоа прашање ќе се разгледува во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…