Мбапе: Моето ЕУРО е промашување
Килјан Мбапе е разочаран и самокритичен по елиминацијата на Франција во полуфиналето на ЕП.
Во мечот меѓу најголемите фаворити Шпанија ги победи (2:1), а капитенот на Франција не беше на своето највисоко ниво за време на ЕП.
Една асистенција за гол и еден автогол и еден гол од пенал се малку за еден од најдобрите играчи во светот.
Факт е дека за ова има оправдување поради скршениот нос, поради што до полуфиналето играше со маска, но Мбапе тоа не го потенцира како олеснителна околност.
„Во фудбалот или си добар или не си. Јас не бев добар. Моето ЕУРО е промашување. Сакав да станам европски шампион, но сега одам рано на одмор. Одам да се одморам, тоа ми треба за да се подготвам да започнам нов живот, ме чека многу“, изјави Мбапе, осврнувајќи се на фактот дека следната недела ќе биде претставен како играч на Реал.
Новинарите го прашаа и дали нешто треба да се смени во репрезентацијата. Вака тој одговори: „Јас не сум тренер, тоа е прашање за него. Не можам да дојдам овде и да кажам што треба да се промени. Само треба да бидам најдобрата верзија од себе за моите соиграчи. Тоа е прашање до тренерот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…