МВР ги демантира косовските медиуми: Немало обид за атентат на Курти во Скопје
Министерството за внатрешни работи на Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за атентат, пренесува „Косово онлајн“.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за „Телеграф Македонија“ навел дека немало обид за убиство на Курти.
Тој истакнал дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.
„Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки“, вели Ангеловски.
Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.
Курти истакна дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје видел голем број полициски сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…