МВР го приведе „тепачот“ од мечот Шкендија (А) – Брегалница
По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот од Втората лига во македонското фудбалско првенство меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница, денеска од МВР информираат дека редарот кој со клоци го нападна фудбалерот на Брегалница е приведен и против него ќе биде покрената соодветна постапка.
„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го приведе „тепачот“ од мечот Шкендија…
По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот…
МВР со детали за апсењето на Аца…
Министерството за внатрешни работи за Инфомакс ја…
Лишени од слобода возачи во Штип, Кочани,…
Лишени од слобода возачи во Штип, Кочани,…
Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…
Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…
Полицијата за четири дена уапсила седум лица…
Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на…