МВР демантира дека на граѓани вчера не им било дозволено да влезат во Кочани
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера (16.08.2025) не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Напротив, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола.
Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР демантира дека на граѓани вчера не…
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите…
(Видео) МВР не им дозволи на граѓаните…
МВР не им дозволува на граѓаните од…
МВР: Не водиме никаква постапка против Билјана…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека не…
Летаат казни: Викендот 1172 сообраќајни прекршоци, најмногу…
Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија…
Хеликоптерите на МВР на терен – фрлени…
Во соопштението на Центарот за управување со…