МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“

t

Министерството за внатрешни работи извести дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи извести дека од…

Лавров: САД ѝ ветија на Русија дека…

Соединетите Американски Држави ѝ ветија на Русија…

Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS и понатаму покажува необична…

Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS се очекува во наредните…

(Видео) И ние водиме такви разговори со…

Интересно прашање, но и одговор доби амбасадорката…

Министерот за здравство наложи вонреден инспекциски надзор…

Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на…