МВР поднесе кривична против Курто Дудуш за несовесно работење во службата
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик.
– Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка, информират од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација од…
По денешното повторно затворање на воздушниот простор…
Филипче: Власта демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално…
По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Уапсен штипјанец кој за девет месеци насилно…
Полицијата во Штип вчера го уапсила 28-годишниот…
Димковски: За една година 136 професионалци си…
За ВМРО-ДПМНЕ е својствено да лажат, лажеа…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…