МВР потврди: Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски за оддавање службена тајна!

t

Пред малку Инфомакс доби потврда дека вчера е уапсен член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски. На прашањето „Имаме неофицијална инфомација дека вчера е уапсен член на полициското обезбедување на премиерот, Христијан Мицкоски. Имено се работи за Ангел Самараков кој предал полициски документи означени со Строго довеливо на лице од С. Грчец. Подоцна во претрес на неговиот дом е пронајден дополнителен полициски материјал. Може ли да добиеме потврда за настанот?“ Одговорот од МВР гласи:

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Сепак за потврда на информациите Инфомакс чекаше повеќе од два часа, а во полициското соопштение не се споменува активноста на Самараков како дел од личното обезбедување на премиерот. Овој настана не беше објавен ниту во редовниот полициски билтен туку и беше соопштен на јавноста по прашањето на Инфомакс што значи дека постоел обид истиот да биде прикриен. Има уште еден дел кој не се согласува со информациите кои ги има Инфомакс, а тоа е дека полицијата била во шок кога го видела полицискиот службеник од тимот на Мицкоски на средба со членови на криминалната група од Грчец. Иако во соопштението се вели дека обезбедувањето на премиерот било фатено во кривично дело како резултат на акцијата на внатрешна контрола, сепак информациите на Инфомакс говорат дека следено било лицето со кое се сретнал полицискиот службеник па така бил фатен кртот во рамките на МВР. Во спротивно Самараков ќе работел и натаму против државата и кој знае до какви се документи немало да се докопа. Прашањето кое останува е дали Самараков работел сам или по нечија наредба.

Детали за случајот прочитајте тука:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„БМВ“ изгоре на влезот во Тетово

Автомобил „БМВ“ попладнево изгоре на автопатот Скопје-Тетово,…

Марин Ле Пен ќе се жали на…

Француската ултрадесничарска политичарка Марин Ле Пен ќе…

МВР потврди: Уапсен член на обезбедувањето на…

Пред малку Инфомакс доби потврда дека вчера…

Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски –…

Инфомакс ексклузивно дознава дека полицскискиот службеник од…

Три женски тепачки за 24 часа

Само во изминатите 24 часа, во полицијата…