МВР се огласи за пожарот во Трубарeво – Интензитетот е намален, опожарени се магацини на фабрика за рециклажа
Од полицијата со официјални информации за пожарот кој денеска ги потресе скопјани.
– Денеска (13.09.2025) во 13:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај шталскиот пат во село Трубарево, скопско, настанал пожар и гори пластика. Полициски службеници од СВР Скоје излегле на местото и констатирано е дека се опожарени магацини на фабрика рециклажа на електричен отпад и пластика, соопштија пред малку од МВР.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје, хеликоптер на МВР, Ер трактор, Пинц и БТР на Дирекцијата за заштита и спасување преземаат мерки за гасење и досега е намален интензитетот на пожарот.
И од Центарот за управување со кризи потврдија дека пожарот во населба Трубарево каде горат електро-отпадни материјали е активен. Под контрола е пожарот на „Дрисла“, а изгаснат е кај Вардариште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР се огласи за пожарот во Трубарeво…
Од полицијата со официјални информации за пожарот…
Додека надлежните спијат, доктор Венко Филипче со…
Институциите итно мора да излезат со точни…
(Во живо) Додека Скопје се соочува со…
Во скопското село Трубарево попладнево избувна голем…
Сценариото со немирите во Непал и убиството…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека…
Македонците се евакуираат: Aвтобуси полни работници од…
Денес уште еден автобус полн со наши…