Мега скандал, екипата на Инфомакс следена во Кочани – ова се деталите!

t

Екипата на Инфомакс која ја следеше трагедијата во Кочани од лице место е следена, а ботовската мрежа на владејачката партија на Твитер споделува фотографии од екипата на Инфомакс со граѓани од Кочани.

– Дач и Латвик се херои! Со голи раце не размислувајќи за својот живот извадиле 10тици живи и починати од дискотеката Пулс во Кочани кобната вечер.

Слушнале што се случува ги оставиле своите семејства и тргнале накај дискотеката да спасуваат луѓе.

Тука јас се држам за глава слушајќи ги како раскажуваат за хоророт кој за среќа го преживеале.

Во моментот кога пристигнавме во Кочани на влезот кај кружниот тек тие заедно со група пријатели ги бараа пред дискотеката возилата на своите загинати пријатели кои за жал ги имаше многу.

Оваа фотографија е направена 15тина минути откако екипата на Инфомакс пристигна во Кочани што значи дека заедно со Александар Митовски сме биле следени.

Лично знам кој го води овој профил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и вечерва ќе го објавам со име и презиме.

Но целата оваа ситуација упатува на тоа дека службите и партијата во моментов се едно и дека живееме во режим.

И за крај ќе ви порачам дека ако мислите дека вмровец ќе исплашите со удбашки приказни гадно сте се излажале. И УДБА и БИА и АНБ и АР може да ми се… – пишува на Фејсбук заменик-уредникот на Инфомакс, Милош Милошевски.

ЛИНК од објавата

Новинарски екипи од Македонија и светот, меѓу кои и екипа на Ројтерс и ТВ21 синоќа беа повикани на информативен разговор со инспектори од АНБ и МВР затоа што летале дрон на мирниот собир во Скопје.

Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изјава за медиумите и во одговор на новинарско прашање практично упати закана кон новинарите и истакна дека „се што ќе кажат, ќе има соодветна реперкусија“, иако новинарите поставуваа прашања, нешто што им е опис и попис на работно место…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мега скандал, екипата на Инфомакс следена во…

Екипата на Инфомакс која ја следеше трагедијата…

Среќна Нова 2025 година ви посакува редакцијата…

Почитувани читатели и гледачи на Инфомакс, од…

Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов

Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…

Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…

Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…

(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…

Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…