Медведев: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, Русија ќе мора да ги зајакне северозападните граници
Влегувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе ја принуди Русија да ги зајакне северозападните граници, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Се разбира, овие граници ќе треба да се зајакнат. „Копнените сили и воздушната одбрана ќе бидат сериозно зајакнати, а значителни поморски сили ќе бидат распоредени во Финскиот залив“, рече Медведев.
Тој истакна дека со ваквиот развој на настаните, должината на копнената граница на сојузот со Русија повеќе од двојно ќе се зголеми.
Медведев исто така додаде дека во овој случај „не може да стане збор за ненуклеарен статус на Балтикот“.
Претходно, шведскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на извори, објави дека Финска и изразила јасна желба на шведската влада двете земји заеднички да аплицираат за членство во НАТО. Според британскиот весник „Тајмс“, двете земји имаат намера да се приклучат на алијансата ова лето.
Финскиот премиер Сана Марин вчера изјави дека Хелсинки ќе донесе одлука во наредните недели. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг претходно спомена дека НАТО „ќе обезбеди можност за брз влез“ доколку неутралните земји сега сакаат да се приклучат на воениот блок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…