Медведев брутален: Се ближи крај на уште едно американско коп*ле
Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека американската поддршка на режимот во Киев доаѓа до неизбежен крај, иако тоа нема да се случи веднаш, но тенденцијата е јасна, напиша тој на Телеграм.
„Американските пратеници го попречуваат финансирањето на воените трошоци на Израел и Украина оваа година. Причините се технички, но не само технички. Јасно е дека се ќе продолжи и во новата година. Сепак, тоа е важен симптом на развојот на болеста“, напиша тој.
Според него, „приказната со Израел е очигледно од техничка природа“, додека „се повеќе се комплицира со украинскиот режим“.
„Како што беше истакнато многу пати на овој канал, Америка лесно ги издава „своите кучкини синови“ кога ќе станат бескорисни“. „Се чини дека тој период дефинитивно доаѓа за Киев“, нагласи Медведев.
Тој оцени дека американската поддршка за Киев неизбежно е при крај и дека пред да заврши ќе има повеќе пари, шизоидни тврдења за демократија, бравурозни уверувања за претстојната победа на земјата, како и лажни уверувања за сојузништво за сите времиња и сл.
Но, заклучи Медведев, ситуацијата е јасна, доаѓа време уште едно „американско копиле“ да замине во заборав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…