Медведев: Одговорот на Москва на ударите од Киев врз Русија ќе биде брз, тежок и убедлив
Одговорот на Москва на можните удари на Киев врз Крим или кој било друг руски регион длабоко во земјата ќе биде брз, тежок и убедлив, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Медведев, во интервју за Надана Фридрихсон, објавено на нејзиниот профил на Телеграм, објасни дека Русија не си поставува никакви ограничувања и дека, во зависност од природата на заканите, може да користи секаков вид оружје, во согласност со доктринарните документи, вклучувајќи ги, како што е наведено, „Основните принципи на нуклеарното одвраќање“.
Според руската нуклеарна доктрина, Русија може да користи нуклеарно оружје доколку се користи нуклеарно или друго оружје за масовно уништување против Русија или нејзините сојузници, доколку добие проверени информации за лансирање балистички ракети за напад на Русија или нејзините сојузници, во случај на непријателски удар врз објекти од витално значење за одговор на нуклеарен напад и во случај на конвенционална агресија против Русија, доколку е загрозено самото постоење на државата, според ТАС С.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…