Медведев: Побрзајте или Гренлад може да посака да се припои кон Русија
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за присоединување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не преземе брзи чекори за обезбедување на арктичкиот остров.
– Трамп треба да побрза. Според непотврдени информации, за неколку дена може да се одржи ненадеен референдум, на кој сите 55.000 жители на Гренланд би можеле да гласаат за присоединување кон Русија, изјави поранешниот руски претседател. – И тогаш ќе е крај. Нема да има нови ѕвезди на (американското) знаме, додаде Медведев.
Трамп ги обнови напорите САД да преземат контрола врз Гренланд, самоуправна територија на Данска, тврдејќи дека Вашингтон треба да ја поседува за да ја одврати Русија. Американскиот претседател изјави дека географската положба и природните ресурси на Гренланд го прават клучен за националната безбедност на САД, што предизвика остри реакции и од Данска и од гренландските власти.
Иако Русија формално не полага право на Гренланд, Москва одамна ја истакнува стратешката улога на островот за безбедноста во Арктикот, имајќи ја предвид неговата позиција на северноатлантските рути, како и присуството на голема американска воена база и центар за вселенско набљудување.
Кремљ засега не го коментира обновениот притисок на Трамп, но Арктикот го смета за зона на национални и стратешки интереси на Русија и минатата година соопшти дека внимателно ја следи „доста драматичната“ дебата околу Гренланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: Побрзајте или Гренлад може да посака…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Трамп: Зеленски нема адути, ме има само…
Владимир Зеленски никогаш немал никакви адути. Тој…
(Видео) На еден или друг начин, Гренланд…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
„Телеграф“: Стармер преговара со европските држави за…
Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори…
Британски министер: Би го киднапирал Путин!
Министерот за одбрана на Велика Британија изјави…