Објавено на:

Медведев: Секој нов ултиматум на Трамп е закана и чекор кон војна

t

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, реагираше на изјавата на претседателот на САД со која тој најави намалување на рокот за прекин на војната во Украина што ѝ го даде на официјална Москва од 50 на 10-12 дена.

Во објава на својот профил на Икс, Медведев рече дека Трамп ја игра „играта на ултиматум“ со Русија и дека таков пристап би можел да доведе до војна во која би биле вклучени и САД.

„Трамп ја игра играта на ултиматум со Русија – 50 дена или 10 дена. Треба да запомни две работи – дека Русија не е Израел, па дури ни Иран и дека секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја“, пишува Медведев во објавата на Икс.

Претходно денеска, Трамп изјави дека ќе го скрати рокот за прекин на огнот во Украина што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин од првично најавените 50 дена на 10 до 12 дена. Велејќи дека е многу разорачан од Путин, американскиот претседател рече дека не мора да чека до крајот на првичниот рок од 50 дена бидејќи досега нема никаков напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев: Секој нов ултиматум на Трамп е…

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и…

Кремљ повторно се заканува со нуклеарно оружје:…

Русија повторно ја активира својата реторика за…

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството…

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било…

„Државни патишта“ побара уште пари од Министерството…

Јавното претпријатие „Државни патишта“ официјално доставило барање…