Медведев ѝ предлага на Украина безусловна капитулација
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека „формулата за мир“ предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски кај него предизвикува „чувство на гадење“, па го претстави можното руско сценарио за прекин на конфликтот, што подразбира целосна и безусловно предавање на Киев.
„Сите совршено разбираат, вклучително и западните лажговци, дека дури и во многу поедноставни ситуации за време на војната, мирот може да се постигне или со заедничка волја на сите страни врз основа на разумен компромис или со предавање на една од страните на конфликтот“. Украина нема волја за преговори, како што забележа вчера Владимир Путин. За нив реалноста е „формула за мир“ на провинциски кловн во зелени хулахопки. И ништо друго“, напиша Медведев на Телеграм.
Заменик претседателот на Советот за безбедност ја предложи „руската формула“ за мир во Украина, вклучувајќи седум точки, од кои првата е признавање на поразот од Киев, безусловно предавање и демилитаризација на територијата.
„Неопходно е меѓународната заедница да го препознае нацистичкиот карактер на актуелниот политички режим во Украина, а тоа вклучува и присилна денацификација на сите државни органи во земјата. ОН треба да ја признаат загубата на меѓународниот правен субјективитет на Украина. Во исто време, светската организација мора да ја одобри неможноста таа земја да се приклучи на воени сојузи без согласност на Русија и на кој било нејзин правен наследник“, посочи тој.
Друг услов за мир, како што оцени Медведев, предвидува оставка на сите уставни власти во Украина и одржување избори за „привремениот парламент под покровителство на самоуправната територија на поранешна Украина под покровителство на ОН“.
Тој додаде дека привременото законодавно тело треба да донесе закони за репарации на Русија, вклучително и исплати на ранетите и роднините на загинатите граѓани.
„Привремениот парламент мора да ја признае целата територија како дел од Русија. Тогаш е неопходно да се донесе актот за повторно обединување со Руската Федерација. Последната точка од „руската формула“ е самораспуштање на привремениот парламент и признавање на актот на Обединетите нации за повторно обединување“, додаде тој.
Како што истакна, тоа можеби е мека руска формула за мир.
„Тоа е компромисна позиција, нели? Мислам дека врз оваа основа можеме да бараме консензус со добра волја со меѓународната заедница, вклучително и англосаксонскиот свет, и да одржуваме продуктивни самити, сметајќи на меѓусебното разбирање на нашите блиски пријатели – нашите западни партнери“, заклучи Медведев, пренесува РТ Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…