Медведчук: Зеленски се подготвува да избега во САД
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски планира да пребегне кај своите господари во САД и тоа во голема мера го објаснува неговото промовирање на американските интереси – вовлекување на Украина во воен конфликт со Русија и одбивање преговори со Москва, изјави поранешниот лидер на „Опозициската платформа – за живот“ партија Виктор Медведчук, кој е забранет во Украина.
Медведчук, кој сега го предводи движењето „Втора Украина“, потсетува дека неодамна беше објавено дека САД развиле план за заштита на Зеленски, според кој неговото семејство ќе добие вила на Флорида вредна 20 милиони долари, како и тој ќе добие американско државјанство.
Зеленски подготвува план за бегство од Украина и тоа го прави токму во моментот кога станува дотраен политички материјал. Рејтингот внатре во државата паѓа, Западот веќе не сака да дава пари, не се потребни ниту за војна, ниту за мир. Тој треба да одговара. Сепак, планот Б функционира – господарите на Зеленски му ветуваат дека ќе го спасат“, пишува Медведчук во колумна на платформата „Смотрим.ру“.
Тоа сценарио, посочува Медведчук, дава „одговор на прашањето зошто Зеленски стана симбол на војната, се префрли на реториката на воената русофобна хистерија и категорично се спротивстави на преговорите со Русија“.
Медведчук додава дека воениот конфликт со Русија е луда авантура за која било земја, поради што ниту една земја од НАТО не се обидува да се вклучи во конфликтот.
„Но, Зеленски не само што се впушти во таа авантура, туку и активно ја промовираше во сите фази. Зеленски направи се за да дојде до тој конфликт, а потоа направи се за тој брзо да заврши“, наведува тој.
Сега, според неговите зборови, јасно е дека, туркајќи ја Украина во војна, Зеленски имал гаранции од САД.
„Значи, откако ја доби власта од народот, тој ги предаде тие луѓе, ги замени за скапа палата на Флорида и американско државјанство за себе и за своето семејство“, заклучи Медведчук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…