Медиуми: Бугарија го стопира проектот за пругата кон Македонија

„Додека Бугарија врши притисок врз Македонија да ја забрза изградбата на железничката линија Софија – Скопје, нашата земја ја одложи модернизацијата на бугарската делница“, пишува денеска бугарскиот портал „Медиапул“. Оваа одлука, како што се наведува, ја донела новата влада на премиерот Росен Жељазков, која одобрила измени во програмата „Транспортна поврзаност 2020 – 2027 година“.
Според наводите на медиумот, имплементацијата на двата железнички проекти Софија–Перник и Перник–Радомир, за кои биле издвоени 500 милиони евра, се исклучени од финансирање во тековниот програмски период 2020-2027 година поради доцнење и недостиг на средства.
За нејзино спроведување, во Меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Македонија од 2017 година, беше преземена обврска железничката линија меѓу Софија и Скопје да биде готова пред 2027 година.
-Во 2019 година, како министер за транспорт, Росен Жељазков дури се пофали дека растојанието од Софија до Скопје ќе го помине со воз за помалку од еден час во 2025 година. Денес, пак, како премиер очигледно не мисли така, откако неговата влада гласаше да се откаже од проектот за модернизација на железничката линија Софија-Радомир-Перник на сметка на реализација на други железнички проекти. Точно е дека времињата се сменија и односите со нашиот југозападен сосед станаа затегнати по доаѓањето на власта на Христијан Мицкоски. Самиот тој во неколку наврати најави дека ќе се насочат напорите за комплетирање на железничкиот коридор кон Србија, пишува „Медиапул“.
Во јануари беше објавено дека Бугарија предлага нацрт-договор со Македонија за изградба на граничниот железнички тунел од Коридорот 8. Како што објави бугарската агенција БГНЕС, бугарската страна е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со неговото потпишување.
Во декември 2024, бугарското Министерството за транспорт и врски побара јасни заложби и рокови за изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Македонија да бидат направени во меѓувладин договор.
За третиот дел од пругата кон Бугарија македонската и бугарската страна досега одржаа две средби, една во Брисел на 16 октомври кога се согласија да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8.
Првиот дел од пругата кон Бугарија, од Куманово до Бељаковце, во должина од 31 километар, веќе се заокружува и ќе биде пуштен во употреба во јануари. На вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, изградени 27,3 процемти, а рокот е 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Бугарија го стопира проектот за пругата…
„Додека Бугарија врши притисок врз Македонија да…
Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира…
Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година,…
ОЈО ГОКК бара притвор за пет лица,…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Бугарија има втора најбрзо растечка трговија на…
Бугарија е меѓу земјите во Европската унија…
Бугарскиот премиер разговараше со Зеленски: Сега ни…
Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателот…