Медот e природен лек за се
Дали сте знаеле дека со медот можете да ги лечите изгорениците, отворените рани или мокрењето во кревет кај децата, а не само грлото и настинката? Знаете ли дека редовните консументи на медот се најдолговечни луѓе, а медарите и пчеларите се лица кои ретко заболуваат од малиген тумор?
Науката уште трага по тајните состојки на суровиот, непреработен мед од пчели, “виновни” за лековитоста на божјата храна. Досега е откриено дека медот содржи многу состојки што имаат антибиотско дејство, а забележано е дека кај одредени видови мед бактериите на можат да развијат одбранбен механизам.
Уште старите Египќани го забележале моќното дејство на медот во лечењето на раните, а во старите народни лекови како незаобиколна состојка присутна е барем една лажица мед. Медот, пред се, е составен од јаглехидрати и вода, а содржи и мали количества витамини и минерали вклучувајќи го и ниацинот, рибофламинот, пантотенската киселина, калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, натриум и цинк.
Новите истражувања говорат и за антиоксидантското дејство на медот. Фруктозата е една од најчестите состојки во повеќето видови мед. Така, тие видови мед можат да бидат послатки и од шеќерот. Поради јаглените хидрати во составот совршен е за земање пред тренинг. Најновите истражувања покажуваат дека медот е одличен и за тренинг на издржливоста.
Медот – природен лек за се
Ако измешате четири лажички мед и малку цимет во три филџани вода, ќе добиете многу вкусен чај со кој ќе ја замирисате не само вашата, туку и кујната на соседите. Лековитото дејство на оваа волшебна напивка е невозможно да се набројат, но ако почнете да го пиете секој ден, ќе ги почувствувате благодетите на овој народен лек. Ова е најдобриот лек за потенција кај мажите, а жените имаат чиста и мека кожа по само една недела користење.
Во Библијата е наведен како симбол на храна од небото, но и како грев на усните на куртизаните. Во келтската и старословенската култура незаобиколно е користењето на медот во комбинација со омилениот алкохолен пијалак. Кај нас медот не се користи многу во секојдневната исхрана. Затоа јадете мед и сладете се со божествениот вкус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Половина од болниците во Газа само…
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за…
Медот e природен лек за се
Дали сте знаеле дека со медот можете…
Комити од тренингот на Вардар: јасно им…
Најтрофејниот македонски клуб Вардар катастрофално ја почна…
Фудбалер избегал од медицински прегледи и одбил…
Фудбалерот на Лион, Ернест Нуама требаше да…
Вучиќ се прости од Бора: Нѐ задолжи…
Српскиот pретседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи…