Објавено на:

Мексико ја отфрли можноста американската војска да влезе на нејзина територија за да се бори против нарко-картелите

t

Мексико соопшти дека американската војска нема да влезе на нејзина територија, по извештаите дека претседателот Доналд Трамп му наредил на Пентагон да ги таргетира латиноамериканските нарко-картели.

„САД нема да дојдат во Мексико со војска“, изјави претседателката Клаудија Шеинбаум во петокот. „Ние соработуваме, но нема да има инвазија. Тоа е исклучено, апсолутно исклучено“.

„Њујорк тајмс“ во петокот објави дека Трамп тајно потпишал директива за почнување со употреба на воена сила на странска почва.
Во изјава за „Би-Би-Си“, Белата куќа не ја коментираше директивата, но соопшти дека „главен приоритет на Трамп е заштитата на татковината“.

Обраќајќи им се на новинарите, Шеинбаум рече дека мексиканската влада била информирана дека се подготвува наредба за картелите и „дека тоа нема никаква врска со учество на воен персонал“.

„Тоа не е дел од никаков договор, далеку од тоа. Кога и да се спомнело, секогаш сме велеле ‘не’“, рече таа.

Претходно годинава, Шеинбаум изјави дека одлуката на Трамп да ги означи картелите како терористи „не може да биде можност за САД да го нарушат нашиот суверенитет“.

Државниот секретар Марко Рубио во четвртокот изјави дека означувањето ќе им помогне на САД да ги таргетираат картелите, вклучително и преку разузнавачките агенции и Министерството за одбрана.

„Мораме да почнеме да ги третираме како вооружени терористички организации, а не само како организации за трговија со дрога“, изјави Рубио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мексико ја отфрли можноста американската војска да…

Мексико соопшти дека американската војска нема да…

Пет пожари во Македонија

До 12:30 часот, на територијата на Македонија…

Поради кражба на струја настанал пожар на…

Според информациите на МВР, вчера во 19:20…

Не постоела наредба за приведување на директорката…

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и…

Лопови така не ваделе на носилки да…

Таа драмолетка во Демир Хисар е ништо…