Објавено на:

Меланија Трамп: Преговараме со тимот на Путин за враќање на украинските деца дома

t

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави дека е во контакт со тимот на рускиот претседател Владимир Путин во обид да обезбеди враќање на повеќе украински деца од Русија, објави Ројтерс.

„Работам на тоа и сме во процес на тоа“, изјави Меланија пред новинарите во Белата куќа. „Се надевам дека многу брзо ќе имаме успех“, рече таа. Првата дама на САД не даде детали за разговорите меѓу нејзините претставници и тимот на Путин. Портпаролот на Источното крило на Белата куќа изјави дека Меланија му напишала писмо на Путин, кое лично го доставил нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во август минатата година – за киднапираните украински деца.

Петнаесет деца се вратени во Украина откако сопругата на Трамп ја започна својата кампања, вклучувајќи седум деца во декември. Украина ја обвинува Русија за киднапирање на најмалку 19.000 украински деца и нивно одведување на руска територија или на територии што ги окупира без согласност на нивните семејства или старатели, откако изврши инвазија на соседна Украина во февруари 2022 година. Москва постојано ги негира киднапирањата на украински деца, тврдејќи дека руските сили дејствувале за да ги заштитат од воена акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп: Преговараме со тимот на Путин…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави…

Нова рунда мировни преговори во Абу Даби…

Војната во Украина влезе во 1442-риот ден.…

Руте: Постигнувањето договор за завршување на војната…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

SpaceX на Маск го блокира користењето на…

SpaceX на Елон Маск ги презеде првите…

Руски дрон погоди родилиште во Украина, повредени…

Руската војска со дрон целеше град, погодувајќи…