Мелони назначи за министер фан на Мусолини сликан со свастика!
Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги назначи фановите на семејството Мусолини и помладиот министер кој беше фотографиран во лента со свастика за членови на нејзиниот нов владин тим, објави Политико.
Потегот на Мелони предизвика бран на гнев кај антифашистичките активисти, што најверојатно ќе ги поткопа обидите на Мелони да изгради бренд на сигурен и умерен лидер на светската сцена.
Контроверзноста доаѓа во чувствителен момент за новата италијанска премиерка, додека таа се подготвува за својата прва посета со лидерите на ЕУ во Брисел оваа недела.
Мелони ги именуваше своите нови министри во понеделник, а тие ќе положат заклетва во среда. Говорејќи на прес-конференција, таа истакна дека тие биле избрани „по заслуга“. Но, неколку од назначувањата, предизвикаа протести од опозициските политичари и антифашистичката организација АНПИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…
Како што најавуваат градските власти на Венеција,…
(Видео) Шпанија подобра во дербито со Италија,…
Репрезентацијата на Шпанија минимално ја совлада селекцијата…