Мелони по стапките на Трамп: И Италија ќе се повлече од СЗО?

t

Италијанската крајно десничарска партија „Лига“, на вицепремиерот и министер за транспорт, Матео Салвини, која е дел од италијанската владејачка коалиција, поднесе предлог за закон за повлекување на земјата од Светската здравствена организација, објави АНСА.

„Лига“ има малку пратеници во италијанскиот Парламент и евентуалното усвојување на предлог-законот во моментов е доведено во прашање, со оглед на тоа што другите две водечки партии во владејачката коалиција „Италијански браќа“ и „Форца Италија“ се уште не се изјаснети.

Портпаролката на премиерката Џорџа Мелони, лидер на „Италијанските браќа“, кои се првата политичка сила во парламентот, рече дека сè уште не е заземен став по ова прашање.

Проевропската партија „Форца Италија“, предводена од шефот на дипломатијата, Антонио Тајани, најверојатно нема да го поддржи предлогот.

Предлог-законот е поднесен во Сенатот и е мотивиран од тоа што наднационалните организации имаат преголема моќ и дека Италија може на порационален начин да ја искористи членарината за СЗО доколку се повлече од неа. Италија плаќа околу 100 милиони евра годишна членарина на СЗО.

Пред неколку дена, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на неговата земја од СЗО. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица повредени во пожарот во Кочани транспортирани…

Италијанската амбасада преку соопштение информираше дека четворицата…

Италија го одби предлогот на Франција и…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли понудата…

Италија ја враќа нуклеарната енергија од која…

Владата на Италија го направи првиот чекор…

Ужас во Италија – вработени систематски тепале…

Полицијата во Италија вчера во голема акција…

СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното…

Одлуката на САД да ја замрзнат странската…