Мемети конечно доби правда после 4,5 години!
Фото-репортерката Арбнора Мемети после 4,5 години конечно доби одлука со која се утврдува дека се прекршени нејзините човекови права.
Во продолжение објавата на Мемети:
Го паметите ли мојот случај со Метаморфозис? Епа, по 4,5 години, Апелациониот суд донесе одлука со која утврди дека биле прекршени моите човекови права загарантирани со Европската Конвенција. Проект-менаџерката на Метаморфозис, Елида Зилбехари, не успеа пред судот да докаже како јас, во периодот кога работев во оваа организација,сум вршела рекет, сум заработила тајно пари од други медиуми, или дека сум злоупотребила работна позиција и се што ми било доверено. Бидејќи во жалбата поднесена до Апелациониот суд, за сите невистини напишани за мене, таа се повикува на слободата на изразување, јавно сакам да прашам: Дали е слобода на изразување кога намерно се обидуваш да го нарушиш угледот и честа на некого? И за крај, сакам да ѝ се заблагодарам на една храбра жена Павлина Зефиќ, која кога сите ми велеа дека „не вреди“ и дека треба да се повлечам, таа остана покрај мене и заедно се боревме. Бидете праведни и совесни, затоа што дури и кога ќе ви биде направена неправда од луѓе кои се кријат зад проекти со логото на ЕУ, правдата ќе стигне еден ден.