Менаџерот на Абердин: Секогаш имам само една порака за Миовски
Бојан Миовски ја погоди мрежата на Ливингстон и постигна многу важен гол со кој Абердин се врати во топ 6 на првенствената табела во шкотската Премиер лига, каде Македонецот добива пофалби и од новиот привремен тренер кој го наследи Џим Гудвин.
Македонскиот репрезентативец беше миленик на Гудвин и токму овој тренер му помогна многу при адаптацијата во Шкотска, но Бојан продолжува да решета и со новиот тренер, Бери Робсон.
– Секој ден кога го гледам Бојан, имам само една порака за него. Барам од него да трча брзо и да постигнува голови. Тој навистина го прави тоа. Кога играте против тим како Ливингстон, тие се обидуваат да го забават темпото и во такви ситуации си поставувате многу прашања за вашата игра. Тешко е да се влезе во ритам против нив, но успеавме да се избориме и да дојдеме до три бода, – изјавил Робсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…