Меркел: Ако Киев влезеше во НАТО во 2008 година, војната ќе започнеше порано и ќе беше полоша

t

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно ќе беше полоша“ доколку Киев го започнеше патот кон членство во НАТО во 2008 година.

„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Мене ми беше сосема јасно дека претседателот Путин нема да стои со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нема да биде подготвена како во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-би-си.

Во интервју откако се повлече од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост поради обновените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.

„Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „ја започнал инвазијата на Украина“ само неколку месеци откако таа ја напуштила функцијата.

Би-би-си наведува дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станале зависни од Москва, а Германија изградила два гасоводи директно поврзани со Русија, пренесува Танјуг.

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги спречи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што рече, „на крајот не успеале“.

„За жал, по целосната инвазија на Украина започна нова ера во односите на Европа со Русија“, нагласи германската канцеларка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел: Ако Киев влезеше во НАТО во…

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека…

(Видео) Украински дронови запалија воена фабрика во…

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“,…

Рјабков: Путин со ракетата Орешник испрати неколку…

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин по…

Украина бара НАТО земјите да ѝ достават…

Партнерите на Украина треба да одговорат на…

Песков го обвинини Бајден дека ги саботира…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини…