Објавено на:

Меркел: Руската инвазија врз Украина е брутален напад врз човековите права

t

Руската инвазија врз Украина е „брутален напад кој ги игнорира човековите права и нема никакво оправдување за тоа“, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во нејзиното прво интервју откако не е на власт.

Таа изјави дека нападот е голема грешка, но додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат.

– Секако дека се прашував што направивме погрешно, рече таа, говорејќи за „големата трагедија“.

– Дали можевме да направиме повеќе за да го спречиме тоа, она што јас го нарекувам голема трагедија. И затоа сè уште си ги поставувам тие прашања, додаде Меркел.

Но, таа исто така рече дека нема намера да се извинува што барала дипломатски решенија за тензиите што растеа додека беше канцеларка.

– Дипломатијата не е погрешна затоа што не успеала. Затоа не гледам зошто би требало да кажам дека згрешив и нема да се извинувам за тоа, нагласи Меркел.

Таа рече дека не била наивна кога станува збор за омразата на рускиот претседател Владимир Путин кон западниот демократски модел, додавајќи дека неколку пати ги предупредила своите колеги дека Путин сака да ја подели Европската унија.

Меркел изјави дека нејзината поранешна должност ја обврзува кога зборува за војната. „Јас сум пензиониран сојузен канцелар, а не обичен граѓанин.

Затоа, додаде таа, мора да биде внимателна кога зборува за таа тема, бидејќи не е нејзино да дели совети од страна. Наместо тоа, вели Меркел, таа држи состаноци во кои ужива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…