Објавено на:

Мерко забрани шетање во бикини и голотија на јавни места низ градот

t

Соопштение кое го привлече вниманието на јавноста пред неколку часа се објави на официјалната страница на Општина Струга, на чие чело е градоначалникот Рамиз Мерко.

Се известува јавноста дека е донесена забрана за шетање во бикини или во гаќи за капење во централното подрачје, и туристите да не ја изнесувале својата голотија на јавни места, за да се зачувала позитивната слика за Струга.

-Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.

Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга- известуваат од општината.

За да биде сфатена забраната сериозно, дури и низ градот се поставени знаци со забрана за бикини и гаќи за капење.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брука: Деца и родители се тепале во…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…

Поништена е акредитацијата на факултетот за здравствени…

Одборот за акредитација на високото образование на…

Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила

Жител на Струга во вторникот лажно ја…

Земјотрес со епицентар во Преспа: Почувствуван во…

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,…