Мерц: Европа мора да ги зајакни безбедносните капацитети!

t

Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната ЦДУ која победи на денешните избори во Германија, изјави дека Европа мора да ги зајакне своите безбедносни капацитети поради растечките тензии со САД околу војната во Украина и финансирањето на НАТО.

-За мене, апсолутен приоритет ќе биде зајакнување на Европа што е можно побрзо за, чекор по чекор, да постигнеме независност од САД во безбедносните прашања – изјави Мерц.

Тој додаде дека по минатонеделните изјави на Доналд Трамп јасно е дека Американците се засилено незаинтересирани за иднината на Европа.

-Многу ме интересира што ќе се случи од денес до НАТО самитот на крајот на јуни – рече тој и притоа додаде дека е прашање „дали се уште ќе зборуваме за НАТО во неговата актуелна форма или дали ќе мораме да формираме независна европска безбедносна структура многу побрзо“.

Најверојатниот иден германски канцелар ги осуди и „неодамнешните интервенции во германската изборна кампања од страна на Илон Маск“.

-Нема да влеземе во коалициски преговори со АфД. Го кажавме тоа пред изборите и луѓето кои гласаа за АфД го знаеја тоа – рече лидерo на победничката ЦДУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија размислува за повторно воведување на воен…

Во услови на дебата за зголемување на…

Макрон: Европа не може да биде вазал…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа…

Време е Европа да се ослободи од…

Дали стратешката автономија на континентот е реална…

Русија: Милитаризираната Европа го загуби правото да…

Европејците, кои тргнаа по патот на милитаризмот,…

Мерц: Европа мора да ги зајакни безбедносните…

Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната ЦДУ која победи на денешните избори…