Мерц предупреди дека царинскиот договор меѓу ЕУ и САД сериозно ќе ѝ наштети на германската економија
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека компромисот постигнат во царинскиот спор меѓу Европската Унија и САД сериозно ќе влијае на германската економија ориентирана кон извоз.
„Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини“, изјави Мерц по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин.
Сепак, рече тој, ефектите нема да бидат ограничени само на Германија и Европа. „Ќе ги видиме последиците од оваа трговска политика и во Америка“, додаде тој.
Ќе има не само повисока инфлација, туку и целосен прекин на трансатлантската трговија, додаде германскиот канцелар, пренесе ДПА.
– Овие царини, според моето цврсто убедување, не се ниту во интерес на САД. Времето ќе го докаже тоа, рече тој.
Според договорот, САД ќе воведат царина од 15 отсто на повеќето увози од ЕУ. Ова ќе важи и за автомобили, полупроводници и фармацевтски производи. За одредени стоки, како што се алуминиум и челик, царините ќе останат на 50 проценти.
– Не сум задоволен со овој резултат во смисла на „ова е сега добро“, нагласи Мерц. Сепак, „очигледно ништо повеќе не можеше да се постигне“, рече тој.
Мерц ѝ се заблагодари на Европската комисија за нејзините неуморни преговори со американската влада.
– Лично, не очекував повеќе од овој резултат. Но, уште еднаш: не сме задоволни со овој резултат, иако беше најдоброто што можеше да се постигне во дадените околности, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц предупреди дека царинскиот договор меѓу ЕУ…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека компромисот…
Медведев: Секој нов ултиматум на Трамп е…
Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и…
Кремљ повторно се заканува со нуклеарно оружје:…
Русија повторно ја активира својата реторика за…
Се уште трае потрагата по Теодора, семејството…
Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било…
Пожар на депонија во Скопје: Изгоре патничко…
На 27.07.2025 во 07.29 часот во СВР…