Мерц ќе ја менува играта: Нема проширување на ЕУ без да се укине ветото
Според аналитичарот Михаел Мартенс ова е дел од договорот за коалициска влада кој беше постигнат пред една недела. Мерц се очекува да биде избран за нов канцелар во Бундестагот на седница закажана на 6 мај.
Партијата на можниот нов германски канцелар Фридрих Мерц и социјалдемократите се договориле да се спротивстават на проширување на ЕУ доколку Унијата првин не го укине принципот на вето, анализира Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Според аналитичарот Михаел Мартенс ова е дел од договорот за коалициска влада кој беше постигнат пред една недела. Мерц се очекува да биде избран за нов канцелар во Бундестагот на седница закажана на 6 мај.
„Во документот со 140 страници само четири реченици се посветени на проширувањето на Унијата. Тие досега не привлекоа големо внимание, иако ќе бидат клучни за надворешната политика на Берлин во годините што доаѓаат. Ова означува промена во односот на Берлин кон проширувањето на ЕУ и јавно признание дека неможноста да се носат одлуки е главната пречка за прифаќање нови земји“, забележува Мартенс.
Тој пишува дека „дури и напуштањето на принципот на едногласност се чини невозможно, бидејќи и за тоа е потребен едногласен став“.
За да се заобиколи принципот на консензус, додека не биде отфрлен, можно решение е на земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ да им се отвори пристап до заедничкиот пазар без статус на полноправно членство, се вели во текстот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…