Меси? Не му се плашиме!
Еден од јунаците за четврто финале по четвртата победа по ред во мундијалските полуфиналиња, Тео Ернандез порача дека Франција, а и тој воопшто не се плашат од Лионел Меси, кој има извонредно Светско првенство водејќи ја Аргентина во финалето.
Франција и Аргентина ќе се судрат во недела од 16 часот во битката за златниот трофеј, а Ернандез посочи дека имаат три дена за да се подготват за одбрана на трофејот кој го освоија по вторпат пред четири ипол години во Русија.
„Меси? Не му се плашиме! Аргентина има одличен тим, но имаме неколку дена да се подготвиме“, рече Ернандез.
Тој посочи дека иако се чувствува умор, уживаат во прекрасните моменти и на овој Мундијал.
„Ова беше една неверојатна вечер, тежок меч зашто Мароко е извонреден тим. Но, победивме и сега треба да се насочиме кон финалето. Имавме еден неверојатен месец во кој напорно работевме за да дојдеме до тука. Уморен сум, но ова е прекрасно. Сега ни треба брзо да се рекуперираме и да бидеме на сто отсто за финалето“, додаде Ернандез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…