Објавено на:

Меси прогласен за најдобар спортист во 2023 година

t

Аргентинскиот репрезентативец и ѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси е добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот за 2023 година, а пресудно за тоа беше освојувањето на Светското првенство во Катар.

Меси го освои единствениот голем трофеј кој му недостигаше во богатата колекција, а во изборот за најдобар спортист ги победи неговиот колега Килијан Мбапе, тенисерот Рафаел Надал, шампионот во Ф1, Макс Ферстапен, кошаркарот Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.

„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, кажа Меси.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…