Објавено на:

Меси: Се плашам од пензија

t

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, проговори за плановите да стави крај на фудбалската кариера и откри дека Интер Мајами е последниот клуб за кој ќе настапува.

Аргентинецот минатата година го напушти ПСЖ и замина во МЛС каде што игра блескаво оваа сезона.

Меси поголемиот дел од својата фантастична кариера го помина во Барселона, каде играше за првиот тим од 2003 до 2021 година. Потоа се пресели во ПСЖ, а оттаму во Интер од Мајами во МЛС лигата.

Неговиот тим моментално води на табелата во Источната конференција, а Меси на 15 натпревари постигна 14 гола и 12 асистенции. Тој е под договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година.

-Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако ме прашате денеска каде ќе ја завршам кариерата, тоа речиси сигурно ќе биде Интер Мајами, изјави 36-годишниот Меси, кој ќе ја предводи Аргентина на претстојната Копа Америка, каде „гаучосите“ ја бранат титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…