Местење тендери на друго ниво: Сменет висок парагвајски функционер, потпишал договор за соработка со непостоечка држава
Висок парагвајски функционер е сменет бидејќи потпишал меморандум за соработка со кој се препорачува воспоставување дипломатски односи со непостоечка земја.
Арналдо Чаморо, секретар на кабинетот во Министерството за земјоделство, вчера во изјава за новинарите рече дека бил отпуштен затоа што во октомври потпишал договор со делегацијата на „Соединетите држави Каиласа“, наводен остров лоциран северно од Јужна Америка.
„Дојдоа и изразија желба да му помогнат на Парагвај, презентираа неколку проекти, ги слушнавме и толку“, изјавил Чаморо кој признал дека бил измамен.
Двајцата „претставници“ дури накратко ги примил и самиот министер за земјоделство.
Тие биле измамени од бегалец од Индија
Во меморандумот, поранешниот секретар на кабинетот му честита на „почесниот Нитјананда Парамашивам, суверен на Соединети Американски Држави Каиласа, за неговиот придонес во хиндуизмот, хуманизмот и Република Парагвај“ и препорачува „Владата на Парагвај активно да размисли за воспоставување дипломатски односите со сојузните држави Каиласа“ нагласувајќи дека „го поддржуваат нејзиниот прием во меѓународните организации, меѓу кои и во Обединетите нации“.
Парагвајските медиуми открија дека „суверенот“ на Каиласа е всушност индиски државјанин кој е во бегство од правосудниот систем на својата татковина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…