Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, (локално над 25 l/m2) . Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност од денес (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 l/m2 за 24 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…