Метео: Обилни врнежи од дожд и невреме!
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Метео предупредување:
Денес (петок) со повремени врнежи од дожд повремено пообилни (и над 30 л/м²) кои ќе продолжуваат во ноќта и ќе бидат проследени со појава на грмежи. Особено во делови од Повардарието, во Пелагонија и во североисточните делови од земјата ќе засилува јужен до југоисточен ветер повремено со брзина и до 70 км/час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Сончево но студено време, максималната температура ќе…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…