„Механичарот прегазил баба со мојот автомобил, а јас треба да платам 5.000 евра“, се жали жител на Неготино

t

Ангел Стојчев од Вешје, Неготино раскажа настан кој му создал проблеми поради кои мора да плати 5.000 евра.

– Ниту крив, ниту должен, треба да платам околу 5.000 евра за нешто што не сум го направил. Во 2018 година, автомобилот го однесов кај механичар во Неготино за да го поправи, но добив повик додека бев на работа затоа што се случила незгода со моето возило. Кога прашав што се случи, ми беше кажано дека механичарот удрил во 80-годишна баба додека го тестирал автомобилот, вели Ангел за „Фокус“.

Бабата завршила со скршен колк, а Ангел во судските лавиринти, каде што објаснил дека не е виновен, но и покрај тоа му било наредено да плати отштета од околу 5.000 евра.

– Сакам да знам дали ова е правда и има ли решение за овој проблем, прашува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…