Мециновиќ:Обичните, чесни луѓе и македонски семејства живеат полошо од ден за ден

t

Владата досега нема НИШТО направено, ниту планира да ги ублажи егзистенцијалните маки на граѓаните кои се наталожени низ годините, пишува во објава на Фејсбук пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.

– Обичните, чесни луѓе и македонски семејства живеат ПОЛОШО од ден за ден.

Превисоки сметки, прениски плати, несигурни работни места и НАЈВАЖНО – фактот што чесноста и работливоста кај нашите граѓани се казнува. Постапуваат чесно и правилно, за возврат да добијат тмурни и тажни денови покрај своите најблиски бидејќи покрај сѐ, резултатите се исти.

На олигарсите нит им студи, нит се гладни и жедни. Олигарсите се непријатели на нашата иднина и го отуѓуваат достоинството на просечниот човек. Олигарсите ја водат коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ. – стои во објавата на Мециновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ