Мециновиќ со шведски дрес се појави на комисиската расправа за ребаланс на буџетот

t

Пратеникот од политичката партија Левица, Амар Мециновиќ на комисиската расправа за ребаланс на буџетот се појави облечен во дрес на Шведска. Ваквиот потег на Мециновиќ доаѓа по изјавата дадена на премиерот Мицкоски дека општините раководат скандинавски.

Во своето обраќање на комисиската расправа, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ ја разобличи суштината на првиот ребаланс на буџетот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, нарекувајќи го „огледало на нивната совест“ кое јасно ја разоткрива нивната „крволочна десничарска природа“.Тој укажа дека овој Буџет и Ребаланс нема визија, дека не го става народот во фокус и дека продолжува истата неолиберална матрица која ја разори економијата на Македонија последниве децении.

Тој истакна дека ребалансот приоритетно ги задоволува интересите на приватниот сектор, олигарсите и партиските структури, наместо на народот. Како примери ги наведе намалените даночни приходи и зголемените приходи од продажба на државен имот, со што Владата сака да распродаде сè, наместо да ги оданочи своите спонзори. Реализацијата на капитални инвестиции е само 20%, додека задолжувањето и плаќањето камати расте алармантно со камати кои надминуваат 230 милиони евра, што ја отсликува длабоката задолженост и финансиската немоќ на државата.

Пратеникот особено ја осуди распределбата на средства која е кроена како „логистички центар за локалните избори на ДПМНЕ“ – со значително зголемување на привремени вработувања, договорни услуги и привилегии за олигархијата, а се намалуваат средствата за здравство, образование и социјална помош. Мециновиќ ги предупреди пратениците да не се занесуваат со „авантуристички фантазии“ за зголемување на трошоците за одбрана на 5% од БДП, потенцирајќи дека Македонија е пресиромашна за да учествува во големите игри на воено-индустрискиот комплекс и дека, според Уставот, таа пред сè е социјална држава и парите треба да завршат кај народот, а не во куршуми.

На крајот, Мециновиќ заклучи дека ова е ребаланс без визија, кој ја храни само олигархијата, ја поттикнува сиромаштијата и ја втурнува Македонија уште подлабоко во должничко ропство и економска зависност. Тој најави дека пратеничката група на Левица ќе интервенира со амандмани, но изрази скепса дека ќе има суштински поместувања поради досегашната практика на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ со шведски дрес се појави на…

Пратеникот од политичката партија Левица, Амар Мециновиќ…

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот:…

Познавам многу луѓе што функционираат одлично заедно…

Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, задржани…

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка…

36-годишна жена почина во амбуланта во Кадино

36-годишна жена починала во амбуланта во скопско…

Професорот Андонов го оспори изборот на Богојески…

Почитувани пријатели, особено почитувани колеги од академската…