Мечка нападнала спасувачи кои барале изгубено девојче на планина во Босна
Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина.
Потрагата траела до доцна синоќа, а рано утринава продолжила пришто влучени биле десетина лица.
Според локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени.
Девојчето последен пат било видено вчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон Хасан Хоџиќ изјави дека полицијата е запознаена со исчезнувањето на девојчето и ги презема сите мерки за нејзино пронаоѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мечка ги изненади жителите на село Петралица…
Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…