Објавено на:

Мечка слободно се шета во Долно Дупени и прави штети, жителите исплашени

t

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото и слободно се шетаат по селските сокаци.

„Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци“,  вели еден жител на селото Долно Дупени.

Тие побарале помош и од полицијата, која вчера вечер во обид да ја избркаат вклучиле ротациски светла, но таа не покажала дека е исплашена. Полицијата ги предупредила жителите на Долно Дупени да бидат внимателни и да се движат само на места во кои има поголема фрекфенција на луѓе во селото.

Според законските одредби ловот на мечки е трајно забранет, а мечките се заштитени со закон, па штетата што ќе ја причини дивечот ја надоместува Република Македонија.  Според судската база на податоци Битола е рекордер по бројот на тужби и донесени одлуки со кои државата треба да плати отштета за штетите што ги прават мечките, затоа што се се дивеч заштитен со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи…

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се…

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“,…

Мечка ги изненади жителите на село Петралица…

Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа…

ЦУК: Ослободена мечка од стапица во близина…

По повик на главниот инспектор за ловство…

Мечка уништи 58 пчелни сандаци во тетовски…

Вчера во 12.00 часот во СВР Тетово,…