Мечките во Мавровско нема да се убиваат, ќе ги дохрануваат
На денешната владина седница разгледан бил Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со кој членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во општина Маврово и Ростуше.
Информациите се дека биле разгледани превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, по што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките.
„Во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта“, се наведува во соопштението од македонската Влада.
Предвидена е контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мечка и две мечиња се појавија…
Мечка со две мали мечиња се фатени…
Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар…
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно…
Густа магла кај Бунец, Маврово видливоста намалена…
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива…
Со купена ски карта во Маврово ќе…
Со купена ски карта во Ресорт Маврово…
Мечките да се успиваат и дислоцираат наместо…
Владата го разгледала Записникот од седница на…