Меѓуетнички тензии и на Косово? Рачна бомба фрлена во куќа на српско семејство во Витина
Рачна бомба била фрлена во куќа на српско семејство во Витина, јавуваат српските медиуми.
Непознати лица фрлиле рачна бомба кон семејната куќа на Зоран Јовановиќ во селото Могила, општина Витина, која за среќа не експлодирала, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија. Случајот е пријавен во полиција.
Околу полноќ Зоран Јовановиќ слушнал тресок на прозорецот и помислил дека е камен. Сепак, утрово забележал експлозивна направа во дворот.
„Има јасна паралела дека со растечката антисрпска реторика и постапките на Приштина и Аљбин Курти, се зголемува и бројот на етнички мотивирани инциденти. Затоа е крајно време претставниците на меѓународната заедница ваквите инциденти, кои можеа да бидат фатални, да ги сфатат како најсериозни закани и соодветно да постапат“, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…