Меѓународниот суд на правдата во Хаг соопшти кога ќе одлучува по тужбата на Украина против Русија
Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) денеска соопшти дека на 16 март ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија.
На сослушувањата пред судот на ОН во Хаг се појави само украинската делегација, додека руската страна одлучи да не присуствува на седниците.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова претходно изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на ОН, „бидејќи прашањето за специјална воена операција во Украина е надвор од нејзина надлежност“.
Во тужбата на Киев се наведува дека тврдењето на Русија дека ја нападнала Украина со цел да спречи геноцид е лажно, а од судиите се бара да и наредат на Русија да го прекине нападот врз Украина.
Во меѓувреме продолжуваат и преговорите на завојуваните страни.
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.
-Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат, напиша Подољак на Твитер.
Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори.
Исто така Русија продолжува со својата акција, односно со таканаречената „специјална воена операција“ во Украина.
Досега во војната во Украина убиени се 90 деца, најмалку стотина ранети
Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствија на руската армија во земјата досега се убиени 90 деца.
Според информацијата објавена денеска преку платформата „Телеграм“, од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 90, а ранети повеќе од сто деца. Најмногу од жртвите по региони има во Киев, следува регионот Харков, потоа во регионот Доњецк, Чернигив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.
Во текот на вчерашниот ден се убиени две деца, а две ранети при ракетирање цивилни објекти во регионот Миколаев.
Во бомбардирањата и гранатирањата се оштетени 379 образовни установи, 159 од нив се целосно уништени. Најмногу од нив – 119 се во Доњецката област, потоа следуваат регионот Миколаев со 30, регионот Суми со 28, регионот Киев со 35, регионот Херсон со 21 и градот Киев со 24 уништени образовни објекти.
Конечните податоци допрва ќе се објавуваат бидејќи е невозможно да се направи увид на места каде во тек се интензивно воени дејствија, објавуваат украинските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…