Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS и понатаму покажува необична „контра-опашка“ додека се приближува до Земјата
Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS се очекува во наредните денови да ѝ се приближи најмногу на Земјата, на оддалеченост од околу 167 милиони милји, што, иако огромно растојание, на космичка скала се смета за релативно блиска средба.
Овој момент им овозможува на астрономите ретка можност детално да го набљудуваат објектот со копнени и вселенски телескопи. Научниците го следат 3I/ATLAS со месеци додека се движи со голема брзина низ Сончевиот систем, а најчесто се опишува како комета со меѓуѕвездено потекло.
Уште од првите набљудувања со вселенскиот телескоп „Хабл“ на 21 јули, научниците забележаа необична појава: дополнителна опашка што, за разлика од типичните кометарни опашки, не се протега наназад, туку е насочена директно кон Сонцето. Оваа појава е наречена „анти-опашка“.
Астрономот од Харвард, Ави Лоеб, смета дека станува збор за резултат на засилено губење материјал на страната свртена кон Сонцето, при што се одвојуваат поголеми фрагменти. Бидејќи тие потешко се под влијание на сончевото зрачење, се движат побавно и се акумулираат на сончевата страна на објектот.
И повеќе од еден месец по неговото најблиско поминување покрај Сонцето, набљудувањата сè уште јасно го покажуваат овој „анти-опаш“. Снимка направена на 13 декември со телескоп во Тајланд, според Лоеб, прикажува изразена светлечка структура насочена кон Сонцето, што е невообичаено за кометите.
Според Лоеб, анализата на илјадници снимки покажува дека не станува збор за визуелна или перспективна илузија, туку за вистински физички млаз материјал. Сепак, тој признава дека природата на оваа појава останува нејасна, бидејќи гасот и ситната прашина вообичаено се одбиваат од Сонцето под дејство на зрачењето и сончевиот ветер.
Лоеб повторно ја отвори и контроверзната можност дека објектот би можел да има вештачко потекло, сугерирајќи дека „анти-опашот“ би можел да претставува група објекти што заостануваат зад 3I/ATLAS поради негравитациско забрзување. Оваа хипотеза е изнесена во труд кој сè уште не е рецензиран.
Други астрономи, сепак, не ја поддржуваат таа интерпретација. Професорот по астрономија од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, Дејвид Џуит, изјави дека исфрлањето прашина кон Сонцето е последица на загреаната дневна страна на јадрото и дека ваквите појави се во согласност со однесувањето на типични комети.
Слично мислење изразија и научници од Европската вселенска агенција, кои сметаат дека станува збор за прашлива опашка составена од ситни цврсти честички, појава што не е ретка кај кометите од Сончевиот систем.
И самиот Лоеб во други трудови наведува дека „анти-опашот“ може да биде резултат на расфрлање на сончевата светлина од ледени фрагменти што се одвојуваат од страната свртена кон Сонцето и испаруваат пред да бидат оттурнати од зрачењето.
И покрај различните толкувања, Лоеб нагласува дека необичните појави не треба да се игнорираат. „Препознавајќи ги аномалиите, можеме да научиме нешто ново. Ако ги занемариме, остануваме во незнаење“, заклучува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS и понатаму покажува необична…
Меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS се очекува во наредните…
(Видео) И ние водиме такви разговори со…
Интересно прашање, но и одговор доби амбасадорката…
Министерот за здравство наложи вонреден инспекциски надзор…
Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на…
Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“…
Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд…
Блокиран Евзони поради протест на грчките земјоделци:…
АМСМ информира дека од 18:00 часот, Граничниот…