Меџити бара побрзо да се разреши случајот со Онкологија

t

Министерот за здравство Фатмир Меџити денес побара од Обвинителството побргу да заврши истрагата со скандалот со изнесување скапи лекови од Универзитетската клиника за радиологија и онкологија и да излезе со конкретни резултати.

– Ќе упатам апел до Обвинителството дека крајно време е веќе да излезат со конкретни факти кој се огрешил, кој не се огрешил. Го повикувам и Министерство за финансии, експресно да ни одговорат за кадарот затоа што мора да ни дозволат тука да вработиме кадар. Идната година е изборна и да не останеме без кадар и да ги оставиме пациентите, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Тој ова го кажа при посетата во Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде е отворена предистражна постапка по наводите во јавоста за злоупотреби со терапиите.

Во однос на тоа дали ќе има терапија за наредната година во Клиниката за радиотерапија и онкологија, министерот Меџити посочи дека и да има можни задоцнувања, сепак ќе има терапија за пациентите на оваа клиника.

-Да бидат смирени. Еве тука ве уверувам дека пациентите ќе бидат под терапија, ќе има терапија, но дали може неколку дена да доцни терапијата, да, знаете тоа не зависи од нас има тендери, има јавни набавки максимални, нагласи министерот.

Тој исто така повика и на „олабавување на притисокот кон Клиниката за онкологија и за персоналот што работи таму“.

-Овој притисок и овој товар кон здравствените работници на клиниката за радиотерапија и онкологија е преголем. Навистина се соочуваат со макотрпна работа, а секој ден расте бројот на новозаболени. Ние не можеме да предвидиме точно со бројка колку ќе ни треба терапија. Затоа постојано работиме сите да бидат ставени под терапија, рече Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Нино Васев ја бранeше набавката на лекови…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…