Меџити ги повика хирурзите да оперираат и за викенд за да се намали листата на чекање

t

Mинистерот за здравство Фатмир Меџити ги повика македонските хирурзи да вршат операции за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции по принципот на нивните српски колеги од Ниш.

„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“, рече Меџити, на прес конференцијата за  првата операција на колено со робот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) .

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар д-р Александар Трајановски рече дека се свесни за големиот број пациенти кои чекаат замена на вештачко колено или замена на колк, но сепак наоѓаат простор колку што може и колку што им дозволуваат условите.

„Реално, имаме три операциони сали, прва и втора смена, за  да се намали таа листа на чекање. Листата е голема. Факт е тоа, но сепак, еве во консултација и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци за да се импланира вештачко колено. Не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе, сепак има листи на чекање ама мислам дека имаме направено добар систем на Ортопедија и дека пациентите ја добиваат услугата, изјави д-р Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Меџити: Се залагаме во Македонија да не…

Демократско движење се залага во Македонија да…

Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…

Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…

Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…

Имавме индиции дека во минатото се случила…