Меџити: За седум години смртноста на предвреме редените бебиња е намалена за 74%

t

На Светскиот ден на предвреме родените деца, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити истакна дека е среќен што може да ја сподели информацијата дека битките со предизвиците кои ги носи предвременото породување сѐ почесто ги добиваме.

-Статистиките покажуваат дека почнувајќи од 2017 година, досега за 74% е намалена смртноста на предвреме родените бебиња, таа во 2016 година изнесувала 25 проценти за во 2023 година да достигне 5,6 проценти, информираше Меџити.

За време на посетата на Клиниката за гинекологија, министерот Меџити нагласи дека овој фантастичен напредок е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и обуки на персоналот на клиниката. Одличните резултати тој ги препиша на ефикасната стратегија со која се унапредени условите за родилките и е обезбедена врвна нега за новороденчињата.

-Морам да нагласам дека здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА. Министерството за здравство ќе остане посветено на креирање средина каде што предвремено родените бебиња ги добиваат највисоките стандарди на грижа, пристап до иновативни третмани и потребна поддршка за развој, посочи Меџити.

Министерот Меџити истакна дека од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство излегле многу насмеани семејства со бебиња, кои се родиле само со неколку стотина грама, од кои најмалото било само 660 грама и најави дека ќе бидат вложени сите напори оваа позитивна практика да продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…