Меџити: Нема да дозволам пациенти да се носат со колички од клиника до клиника по дожд и снег, има огромни проблеми во здравството

Новоназначениот министер за здравство, Фатмир Меџити, денеска на брифинг со новинарите истакна дека Министерството ќе има неколку приоритети меѓу кои и справување со сообраќајниот хаос на Клиничкиот центар.
Меџити истакна дека размислува во насока дека денеска е лекар и министер, но секој ден може да биде пациент, а во здравството има премногу проблеми и многу големи проблеми кои не се решаваат за еден ден. Тој најави физибилити студија за паркингот на клинички, проширување на позитивната листа на лекови и истакна дека нема да дозволи да се повтори ситуација како со случајот со лекот за цистична фиброза.
– Во фокус се пациентите со ретки болести, за време на моето министерување нема да дозволиме да се повтори случката со цистична фиброза, истакна Меџити.
Во финална фаза е анализата за клинички центар, сообраќајни решение со катни гаражи.
Министерот истакна дека во процедура се законските измени кои се неопходни за проширување на позитивната листа. Откако ќе се изгласаат законските измени ќе има двапати годишно ажурирање на позитивната листа, објасни министерот Меџити.
Тој посочи дека ќе се започне со откочување на процедурата за изградба на штипската болница и болницата во Кичево.
– Нема да дозволам пациенти да се носат во колички по дожд и снег од една до друга клиника, ќе има дежурни лекари. Нов интернистички центар.
Отприлика интернистичкиот центар би бил кај токсикологија, дали ќе бидат потребни други амбуланти дополнително ќе се разгледува, рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…